• 26/09/2020

Вонредна состојба во Венеција, две лица загинаа во поплавите

 Вонредна состојба во Венеција, две лица загинаа во поплавите
loading...
Advertisement

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради природната непогода во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне исчезнување на еден од најубавите градови на светот.

Порастот на нивото на морето во комбинација со ударите на силните ветришта и дождот го потопи речиси целиот град, односно 80%.

Поради поплавите во градот нема електрична енегија, а водата навлезе во базиликата на плоштадот Свети Марко, во продавниците, рестораните, хотелите.

Медиумите јавуваат за две загинати лица.