
Воспитувачка со месеци малтретирала деца, снимена како ги фрла (ВИДЕО)
Вчера во Белград започна судењето за Ѓурѓија Алемпијевиќ, 23-годишна воспитувачка од Центарот за заштита за деца и младинци. На нејзе и се суди поради запуштање и злоставување на деца.
Алемпијевиќ, инаку медицинска сестра, грубо ја занемарила својата должност за чување на децата и воспитување, со тоа што одбивала на децата да им пушти телевизор, не ги пуштала од кревет, не им давала играчки, а едно дете кое почнало да го пресоблекува, го оставило само неколку минути на даска висока 1,2 метри.
Исто така едно дете неколку пати било удирано со шлаканици, а едно грубо го фрлила во креветот. За сето тоа време гледала во мобилниот телефон, што било забрането. Потоа го сликала едното видео, што исто така било забрането.
Осудената била на пракса во Установата, и апсолвент на вишата медицинска школа во Земун. Веднаш откако биле видени снимките, добила отказ во август.
Еве го видеото кое е вознемрувачко и поради кое и се суди на воспитувачката:
Инаку пред неколку недели имаше ваков случај и во Скопје, кога дадилка е снимена како ги удира децата, па доби 30-дневен притвор.