Воз прегази 21-годишно момче

 Воз прегази 21-годишно момче

T.И. (21) загина денеска околу пладне откако беше прегазен од воз кој сообраќаше на релацијата Гевгелија – Скопје. Несреќата се случи кај новиот мост „Гемиџии” во Велес, информираат од СВР Велес.

Службата за итна медицинска помош откако пристигнала на местото на несреќата само констатирала смрт кај 21-годишното момче од Велес.

Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.

Железничкиот сообраќај и сообраќајот во градот беше во прекин повеќе од два часа бидејќи возот го блокираше преминот кај Нов мост, информираат од СВР Велес.

>
>