Возач од Италија спасил 25 деца од запален автобус (ФОТО)

 Возач од Италија спасил 25 деца од запален автобус (ФОТО)

Возач на автобусот успеал да однесе на безбедно 25 деца кога неговиот автобус се запалил во тунел на автопат во северна Италија, објавија денес италијанските медиуми.

Пожарникарите добиле повик во вторникот наутро за запалено возило на патот помеѓу Леко, на јужниот крај на езерото Комо и градот Лиерн, соопштила противпожарната служба.

Снимките покажуваат дека автобусот целосно изгорел, опкружен со големи количини на противпожарна пена.

Според агенцијата АНСА, спасувачите по несреќата однеле седум деца во болница.

Возачот наводно забележал дека има проблем во автобусот и го однел возилото до постојка во тунелот, а децата, кои сите се од таа област на земјата, ги однел на безбедно.

Пожарникарите за агенцијата „Аднкронос“ изјавиле дека гумата во автобусот можеби се запалила, предизвикувајќи пожар.

Кога пристигнале спасувачите, децата веќе биле безбедни. Претседателот на регионот Ломбардија на Фејсбук им се заблагодарил на пожарникарите за напорите.

>
>