Возел со 230 км на час, полицијата му напиша казна – засилени контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар

 Возел со 230 км на час, полицијата му напиша казна – засилени контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција посочи дека во текот на вчерашниот ден (23.04) санкционирани се вкупно 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

x