Возете внимателно: На неколку патни правци намалена видливост поради магла
Намалена видливост на патните правци поради магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Кула – Катланово, Охрид, Струга, Штип и видливост до 100 метри има Страцин, Сарамзалино, Велес, Македонски Брод, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Битола, Ресен и Кичево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Поради намалена видливост од магла на повеќе патни правци во државава, од АМСМ препорачуваат внимателно возење.
Маглата која веќе неколку денови е надвисната над Охрид и околината и понатаму го спречува нормалното функционирање на охридскиот аеродром.
Во текот на вчерашниот ден беа откажани летовите за Базел и Малме, а авионот кој утрово требаше да пристигне на охридскиот аеродром од Виена, беше пренасочен кон скопскиот аеродром.
Според временската прогноза магловито ќе биде и во текот на наредните денови, особено во утринските и вечерните часови.
Извор: skopje24.mk