Возило заврши во куќа

 Возило заврши во куќа

Автомобил заврши во куќа во населбата Лескајца во Охрид. Инцидентот во кој е предизвикана само материјална штета, се случил синоќа.

Од полицијата велат дека случајот не бил официјално пријавен, но се претпоставува дека возилото најверојатно било паркирано без рачна кочница, па само се удрило во куќата. Сопствениците сами го отстраниле, информира полицијата.

>
>