Возило завршило во канделабра, две девојки повредени

Возило завршило во канделабра, две девојки повредени

Вчера утрото, во 06.10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, 21-годишна жителка на Куманово управувајќи патничко возило „Опел“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална канделабра.

loading…

Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, а нејзината сопатничка (21), исто така од Куманово се здобила со телесни повреди, константирани во Општата болница Охрид, информира полицијата.

На местото на незгодата увид извршила екипа на СВР Охрид.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds