(Вознемирувачко видео) Огнена пресметка помеѓу полицијата и дилери на дрога во Бразил: Истрели во метро, најмалку 23 жртви!

 (Вознемирувачко видео) Огнена пресметка помеѓу полицијата и дилери на дрога во Бразил: Истрели во метро, најмалку 23 жртви!

Најмалку 23 лица се убиени во огнената пресметка на станицата Јацарезињо во Рио де Жанеиро, пренесуваат локалните медиуми.

Видеото кое наводно ги прикажува последиците од пукањето вирално се споделува на социјалните мрежи.

 

Исто така, се појавила и снимка за која се верува дека му претходи на пукањето, а која е направена во една од фавелите во близина на метрото во Рио де Жанеиро.

Полицијата имала дојава дека дилерите на дрога врбувале малолетни деца да работат за нивната банда.

 

Двајца патници во подземната железница биле погодени во пукотницата, но преживеале. Засега полицијата потврдила смрт на еден припадник на нивните единици.

Бројни полициски сили се испратени на местото на инцидентот, а локалното население не смее да ги напушти своите домови.

 

>
>