Вознемирувачко видео: Си ја снимил сопствената смрт, возејќи со ‘Мерцедес’ 186 километри на час

 Вознемирувачко видео: Си ја снимил сопствената смрт, возејќи со ‘Мерцедес’ 186 километри на час

31-годишен возач починал на лице место во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, возачот немал положено за возачка дозвола и не носел безбедносен појас.

Поради преголемата брзина и лизгавиот пат, удрил во плочник и бандера и починал на лице место.

Жителите на Запоље на социјалните мрежи коментираат дека 31-годишниот возач низ населеното место со Мерцедес возел повеќе од 180 километри на час, пренесуваат од порталот „Даница.хр“, кои добиле снимка од читателите.

Потоа, на социјалните мрежи се појавила и снимка која ја направил возачот во моментот на несреќата, и ја пренесувал во живо.

Снимката ги прикажува последните секунди пред несреќата и самата нереќа од возачка перспектива. Во неа се гледа како возачот излетува од патот со брзина од 186 километри на час, пренесува „Јутарни лист“.


>
>