Вработен во медицински центар во САД намерно уништил над 500 дози од вакцина против ковид-19

 Вработен во медицински центар во САД намерно уништил над 500 дози од вакцина против ковид-19

Вработен во медицинскиот центар Аурора во Графтон, Висконсин, намерно уништил над 500 дози од вакцината на „Модерна“. Тој извадил 57 сада во кои се складираат дозите на вакцините од фрижидер а потоа не ги вратил. Лицето сега е уапсено.

Првичната реакција на медицинскиот центар била дека станува збор за човечка грешка, но подоцна лицето е осомничено дека дејствијата ги сторило со намера.

„Веднаш започнавме внатрешна истрага и првично поверувавме дека станува збор за ненамерна човечка грешка. Лицето за кои станува збор, денеска призна дека намерно ги вадело вакцините од фрижидер. Ги известивме соодветните надлежни служби за понатамошна истрага. Длабоко сме разачарани што постапките на ова лице ќе предизвикаат застој во вакцинирањето на повеќе од 500 луѓе.“изјавиле од Медицинскиот центар „Аурора“.

>
>