Вработен во шумско стопанство фалсификувал испратница за огревни дрва

 Вработен во шумско стопанство фалсификувал испратница за огревни дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Пријавениот, вработен како референт по испорака во Шумско стопанство „Јабланица“, издал фалсификувана испратница за превоз на 14 метри кубни огревни дрва на приватна фирма која вршела превоз, со што се стекнал со противправна имотна корист.

Извор: Ohridnews