Врел бран доаѓа кон Македонија – подгответе се за пеколна недела

 Врел бран доаѓа кон Македонија – подгответе се за пеколна недела

Вистински врел бран доаѓа кон Македонија. Пред крајот на овој месец температурите на некои места низ Македонија ќе достигнат и до 35 степени.
Утре се најавуваат околу 31 степен во Скопје и до 33 низ Македонија. Најтопло се очекува да биде во вторник кога во некои делови на Македонија температурата ќе се искачи до 35 степен а во Скопје до 32. И утринските температури нема да се спуштат под 15 степени.
Слично време се очекува и во среда и четврток иако во четврток ќе има и услови за изолирани врнежи кои во петок се очекува да ја спуштат температурата до 25 степени, ниво на кое ќе се задржи и за време на идниот викенд.

>
>