Времена измена на сообраќај на секцијата Подмоље-Охрид од петок

Времена измена на сообраќај на секцијата Подмоље-Охрид од петок

На секцијата Подмоље-Охрид на км 6+970, почнувајќи од ден 18.02.2022 (петок) ќе се изврши времена измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот од лева лента на десна лента во правец кон Охрид, информираат од „Синохидро Корпорејшн Лимитед“-Пекинг, Подружница Скопје, со седиште во село Извор,Кичево.

По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација. Во текот на траењето на наведените градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај.

Инаку, денес на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан помеѓу 11:00 и 14:00 часот,  сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање).

извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds