• 26/09/2020

Времето во Македонија деновиве врнежливо и облачно.

 Времето во Македонија деновиве врнежливо и облачно.
loading...
Advertisement

Времето во Македонија деновиве врнежливо и облачно.

Измерено количество на врнежи во л/м2 низ државава досега: Маврово и Лазарополе 26, Струга и Охрид 24, Тетово 9, Скопје 5, Претор 4. Максимална брзина на ветер: Штип – 83 км/час, правец = југоисток.

До крајот на денов ќе се задржат повремените врнежи од дожд, поради падот на температурите на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од западен и од северозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во западните предели температурите на воздухот ќе останат нешто пониски за разлика од другите предели, анализира Славчо Поповски.

Засилен ветер од северозападен правец ќе дува и во вторник, во североисточните и во источните предели ќе има повремени локални врнежи и тоа од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Снежната граница има услови да се спушти и малку под 1000 метри.

Потоа во следниот период ќе бидеме под влијание на нешто постуден воздух од север, температурите на воздухот ќе бидат во опаѓање, особено оние наутро кога на некои места ќе бидат негативни и ќе се создаваат услови за појава на мраз.