Вршеле нелегален транспорт на огревно дрво, кога дошла полицијата избегале

Вршеле нелегален транспорт на огревно дрво, кога дошла полицијата избегале

Во атарот на струшкото село Делогожда, вчера, околу 14 часот, полициски службеници забележале патнички џип марка „Галопер“ со швајцарски регистарски ознаки во кој, две лица вршеле нелегален транспорт на огревно дрво.

  • Лицата избегале и го оставиле возилото на локалниот пат, а по извршениот увид, констатирано е дека во него има околу 2 метри просторни бесправно пресечено буково огревно дрво, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Возилото е одземено за вештачење и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds