Вучиќ: Ќе го спасиме нашиот народ од погром и прогон и нема да има бегалски колони

Вучиќ: Ќе го спасиме нашиот народ од погром и прогон и нема да има бегалски колони

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ѝ се обрати на јавноста по повод разговорите меѓу Белград и Приштина одржани во четвртокот во Брисел, рече дека клучната порака до Србите на Косово е дека, без разлика на сè што ќе биде, бегалски колони нема да има, јави дописникот на МИА од Белград.

– Нема каде да одиме, заглавени сме во ќоше. Ќе го спасиме нашиот народ од прогон и погроми, ако тоа не го сака НАТО, нагласи Вучиќ.

Зборувајќи за преговорите во Брисел, тој изјави дека „Албанците сами решиле да спроведат еднострани акции“ и дека Приштина има две цели – укинување на српската држава во Косово и протерување на Србите.

Белград предложи КС (Косово) таблички кои се статусно неутрални, изјави Вучиќ, но Курти рече дека сите мора да имаат „РКС (Република Косово) таблички“.

– Дојдовме и до документите и намерата на Албанците е – сакаме да ви издадеме документ каков што вие нас ни давате, за да транзитирате во трета земја. Рековме – нема проблем, во ред е. Но, не можете да му го издадете тој лист на Србин од Косово, бидејќи тој не припаѓа на друга држава, и не оди во трета земја, кажа тој.

„Поентата на се ова е што ние и да прифатиме или не прифатиме, тие отфрлаат се“, рече Вучиќ и побара од НАТО да си ја заврши работата, да им обезбеди мир на Србите на север, за да не бидат загрозени од албанската полиција.

– На вас е да се погрижите бандата да не го премине Ибар. За вас проблем се барикадите, а не криминалните одлуки, посочи Вучиќ и потсети дека за влез на северно Косово мора да се бара одобрение од градоначалникот.

Идејата на Албанците, кажа Вучиќ, била да се оди на „општ договор во шест точки“.

– Тој се состои од следново: 1 – општи принципи на билатерални односи и меѓусебно признавање, влез во меѓународни организации 2 – решавање на проблеми од минатото (решавање на проблемот на исчезнатите, утврдување и решавање на проблемот на силувани и раселени лица, уништување на приватен и јавен имот и враќање на уметнички артефакти, финансии, т.е. воени репарации, 3 – соработка во иднина, 4 – исти односи и права на Србите на Косово и Метохија како на Албанците во Прешево, 5 – преиспитување на претходно договорените договори, на што луѓето од ЕУ реагираа негативно. Она што не им се допаѓа, како ЗСО, да го преиспитаме оти тогаш имало криминална влада 6 – Ова не е нов лист, содржината ја имавме претходно. Тоа е она што тие го бараат од Србија, рече српскиот претседател.

– Се што предложи српската страна, изјави Вучиќ, на крајот не беше прифатено.

Тој кажа и дека е засилена „секаков вид разузнавачка активност на северот на Косово“.

– На време ги информиравме лицата кои се на списокот за ликвидација што го креираше режимот на Приштина, а кои одредени надворешни служби тивко или со климање со главата го одобрија. Група Чеченци и Черкези, блиски до противниците на Рамзан Кадиров. Набљудување на ситуацијата на север, регрутирање Албанци да се борат во Украина. Тие на 3 август се сретнале со турски државјанин во Зубин Поток. Групата изрази интерес за ситуацијата, подготвеност да се конфронтира со властите во Приштина, како и на кој начин да можат да обезбедат информации до други странски разузнавачки служби за да ги неутрализираат вооружените групи Срби на северот, кажа српскиот претседател.

Вучиќ во четвртокот од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, рече дека е тоа е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност.

За десет дена, според најавите, Приштина ќе ги спроведе одлуките за пререгистрација на возилата и личните карти од кои првично се откажа на крајот на јули.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, реагираше на соопштението на Приштина и оцени дека со политичките структури во Приштина управуваат екстремисти кои воопшто не ја препознаваат вредноста на дијалогот и мирното решавање на проблемите.

Мисијата КФОР реагираше на зголемените тензии. Од таму соопштија дека долж административните премини Јариње и Брњак го зголемува своето присуство и патролирање за да ја зголеми свеста за состојбите. Подготвени се, како што додаваат, да интервенираат доколку има потреба.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy