Вучиќ: Очекувам браќата Македонци вечерва да навиваат за Србија

Вучиќ: Очекувам браќата Македонци вечерва да навиваат за Србија

Србија вечерва игра натпревар против Бразил на Светското првенство, а еуфоријата во Србија пред првиот натпревар на Мундијалот е огромна.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред овој натпревар порача дека очекува и Македонците вечерва да дадат поддршка на српската селекција. Токму како што тие навивале за нас на Европското првенство.

„Очекувам и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија да навива за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство“, изјави Вучиќ.

Србија и Бразил ќе се сретнат вечерва во терминот од 20:00 часот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy