Вучиќ: Во четврток ќе прикажеме нешто морничаво, луѓето да ги тргнат децата

 Вучиќ: Во четврток ќе прикажеме нешто морничаво, луѓето да ги тргнат децата

За неколку дена на граѓаните на Србија ќе им покажеме нешто што е навистина морничаро. Чекаме дополнителни вештачења за некој утре тоа да не може да го користи во доказна постапка – рекол претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој на телевизијата „Прва“ зборувал за истрагата против криминалната група која ја водел Вељко Беливук наречен Велја Неволја.

-Кога ќе ги прикажеме тие работи мораме однапред да им кажеме на луѓето да ги тргнат децата – истакнал Вучиќ.

Истакнач дека ќе видиме „кој кого штител, а кој засолнувал убијци“.

-За неколку дена, најдоцна четврток, ќе им покажеме на граѓаните се. Јавноста досега видела само оружје, организирана група, пиштоли, снајпери, панцири, крушуми, дрога…Тоа не е ништо – рекол Вучиќ и нагласил дека со новите информации ќе се шокира Европа и цел свет.