• 23/09/2020

Вулин бара да се преиспита односот на Србија кон ЕУ

 Вулин бара да се преиспита односот на Србија кон ЕУ
loading...
Advertisement

Српскиот министер за одбрана и претседател на Движењето на социјалистите Александар Вулин денеска изјави дека Србија треба да го преиспита својот пат кон Европската унија поради себе, но и поради тоа што ЕУ непрекинато го преиспитува процесот на нејзиното проширување. Вулин рече дека не верува во ЕУ исто како што не верувале ниту британскиот премиер Борис Џонсон, унгарскиот премиер Виктор Орбан, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот политичар Матео Салвини. Тој рече и дека го убедувал претседателот на Србија Александар Вучиќ да ја намали својата политичка поддршка кон Европската унија, но дека не успеал во тоа.