WhatsApp за два месеци нема да работи, еве на кои мобилни

 WhatsApp за два месеци нема да работи, еве на кои мобилни

Популарната апликација за размена на пораки и други мултимедијални содржини WhatsApp за два месеци ќе престане да работи на некои постари модели на телефони. Се проценува дека над милион луѓе не ќе можат да ја користат апликацијата.

Уредите кои нема повеќе да го поддржуваат WhatsApp се оние со Android верзија 4.0.4 или некоја од претходните верзии, како и iPhone модели кои работат на iOS-9 или некоја од постарите верзии на тој оперативен систем. Или, се вкупно, тоа се околу 50 модели на мобилни телефони:

Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy SII, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core and Galaxy Ace 2.

LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD and 4X HD и Optimus F3Q.

ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 и Grand Memo.

Huawei: Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S и Ascend D2.

Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L и Xperia Arc S.

Alcatel: One Touch Evo 7

Apple: iPhone SE, 6s и 6s Plus

Корисниците на новите уреди на кои WhatsApp продолжува да работи, до крајот на годината може да очекуваат бројни новитети на апликацијата, како пораки што исчезнуваат, групни повици и нови стикери.

>
>