Wizz Air од март и мај ќе лета од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген и до Лондон-Лутон

Wizz Air од март и мај ќе лета од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген и до Лондон-Лутон

Од авиокомпанијата Wizz Air најавуваат постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај.

Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на 2 нови линии – Охрид-Лондон-Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои од највозбудливите градови во Европа.

За дополнителна сигурност, Wizz Air им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетувањето без никаков надоместок и да добијат 100% од оригиналната цена на билетот веднаш вратени како кредити на авиокомпанијата.

Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „- Со задоволство објавуваме дека повторно ги отвораме дестинациите и дека воведуваме сосема нови рути низ нашата мрежа, меѓу кои се 7-те повторно отворени услуги и другите 2 нови од Македонија. Преку овие рути нудиме погодни дестинации за македонците по ниски цени. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците кои повторно ќе патуваат на 9-те главни дестинации во Европа од Скопје и Охрид, почнувајќи од март и мај, информира Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air.

извор: skopjeinfo.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds