Wizz Air суспендира 50 летови на Балкан, најмногу од Македонија

Wizz Air суспендира 50 летови на Балкан, најмногу од Македонија

Авиокомпанијата Wizz Air е во процес на суспендирање до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат.

Најголем број откажувања ќе има Скопје, главниот град на Северна Македонија, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што сѐ уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот exyuaviation.com.

Нискотарифниот авиопревозник планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа. Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.

Wizz Air е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, вклучително и на Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.

И покрај намалувањето на сообраќајот во земјите од поранешна Југославија, Wizz Air се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.

И покрај намалувањето на сообраќајот во земјите од поранешна Југославија, Wizz Air се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка. Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето. Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети. Wizz Air не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот exyuaviation.com. Листата на суспендирани рути на Wizz Air може да ја најдете ТУКА.

Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето.

Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети. Wizz Air не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот exyuaviation.com.

Листата на суспендирани рути на Wizz Air може да ја најдете ТУКА.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds