За 10 секунди уништени 4 кули во Абу Даби: Употребени 6 тони експлозив

 За 10 секунди уништени 4 кули во Абу Даби: Употребени 6 тони експлозив

Четирите кули кои беа дел од „Мина Плаза“ комплексот во Абу Даби се уништени за само 10 секунди.

Рушењето на кулите кои имаа вкупно 144 ката го изврши компанијата „Модон“ со користење на дури 6 тони експлозив. Главната причина за рушењето на овие згради е тоа што на истото место е предвидена изградба на нов, помодерен комплекс.

Исто така, за рушењето на зградите биле искористени 18 илјади детонатори од кои секој посебно бил програмиран.

Со ова, компанијата „Модон“ сега го држи рекордот за највисока срушена зграда со контролирана експлозија.