За 40 евра продавале вакцини на Македонци во Врање?

 За 40 евра продавале вакцини на Македонци во Врање?

Некои граѓани на Врање им продавале вакцини на граѓаните на Македонија, за 40 евра по доза, поради што припадниците на безбедоносната агенција БИА уапсиле две лица од Врање, неофицијално дознава Инфо Врањске, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ако приказната е вистинска, Врање доживеа уште еден голем срам во режија на локалните напредњаци. Според повеќе неофицијални и меѓусебно поврзани извори, вакцинирањето на граѓаните на Северна Македонија во Врање пропратена е со досега невиден срам, соопштија Врањске, а ги пренесуваат и други српски медиуми.

Информирани од местото на настанот дека поединци продаваат вакцини на Македонци, за 40 евра по доза, припадниците на БИА презедоа акција и под сомнение за оваа „работа“во полициското управа во Врање приведоа две познати лица од Врање.

Ако веста е точна, пишуваат Врањске, тогаш мора да се провери целиот ланец – кој им доставил вакцини, со кого ја делеле заработката, колку вакцини биле продадени и слично.

– Но, целата приказна е запрена, се зборува, од првиот напредњак на југот на Србија, Драган Стевановиќ Боске, првенствено за срамот да не се рашири… Според некои информации, приватните продавачи на државните вакцини биле од една јавна институција, функционер и неговиот заменик и двајцата приведени припаѓаат на владејачката Српска напредна партија (СНС).

За сега, јасно е дека нешто се случило, пишуваат Врањске, дека работата далеку ќе одекне, дури и ако е само делумно точно, и дека некој треба да одговори за тоа.

Според Врањске, приказната не оди во насока на разоткривање на целата приказна, туку во насока на нејзино прикривање.

>
>