За една година 1,1 милиони луѓе мигрирале во Велика Британија

За една година 1,1 милиони луѓе мигрирале во Велика Британија

Рекорден број на луѓе изминатата година мигрирале во Велика Британија, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика (ОНС).

Во периодот од јуни 2021 до  јуни годинава во Велика Британија пристигнале 504.000 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле земјата, со што е соборен рекордот од 390.000 од 2015 година.

Во истиот период во Велика Британија мигрирале вкупно 1,1 милион луѓе.

Директорката на Меѓународниот центар за миграција при ОНС, Џеј Линдоп изјави дека зголемувањето на бројот на мигранти се должи на големиот број луѓе кои пристигнуваат од Авганистан, Хонг Конг и Украина, на кои им е одобрено право да живеат во земјата.

Според неа како една од причините за зголемување на бројот на мигранти е и зголемувањето на бројот на странски студенти, кои за време на пандемијата со коронавирусот студираат од далечина. Линдоп наведе дека тоа се должи и на миграцијата на луѓе од семејни причини.

Британската Влада вети дека ќе го намали јазот меѓу бројот на луѓе кои се вселуваат и тие кои ја напуштаат земјата.

Вкупното население на Велика Британија е околу 67,5 милиони. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy