За палењето на бугарското знаме во Вевчани казна од 7.000 евра, уште двајца со по 5.000 евра

 За палењето на бугарското знаме во Вевчани казна од 7.000 евра, уште двајца со по 5.000 евра

За првообвинетиот во случајот со палењето на бугарското знаме што се случи за време на Вевчанскиот карневал, Јавното обвинителство побара судот да му изрече казна од 7.000 евра. За останатите двајца обвинети се бараат казни од по 5.000 евра глоба, соопшти Јавното обвинителство. Тие се обвинети за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и мавтале со него додека горело. Инаку, Вевчанскиот карневал оваа година се одржа самоиницијативно и покрај забраната за собири поради пандемијата, а имаше и интервенција на полицијата.

>
>