За превенција од Covid-19 состаноците во МФ ќе се држат телеконференциски, советуваме странките да се обраќаат по телефон и маил

За превенција од Covid-19 состаноците во МФ ќе се држат телеконференциски, советуваме странките да се обраќаат по телефон и маил

13 март 2020, Скопје – Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од Covid-19 (корона вирус), Министерството за финансии ги советува странките наместо да доаѓаат лично, да контактираат на меилот:

infromacii@finance.gov.mk или на телефонскиот број 02/3255-300, како и на меиловите и телефонските броеви објавени на веб-страната на Министерството за финансии.

Исто така, препорачуваме сите преписки, барања и други документи кои можат да се доставуваат и испраќаат електронски – да се испраќаат и примаат електронски, за да се избегне користење на хартиена форма (се разбира доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал).

Потребните состаноци секторите ќе ги држат преку телеконференциска врска.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds