За прв пат по десет години заеднички воени вежби на руската морнарица и НАТО

 За прв пат по десет години заеднички воени вежби на руската морнарица и НАТО

За прв пат по десет години, бродовите на руската морнарица ќе одржат заеднички воени вежби со земјите од НАТО, вклучувајќи ги САД и Велика Британија.

Маневрите ќе се одржат во февруари во близина на брегот на Пакистан, соопшти прес-службата на Црноморската флота на Русија.

„Освен бродовите на пакистанската и руската морнарица, во вежбите ќе учествуваат американската морнарица, кралската морнарица на Велика Британија, морнарицата на Народна Република Кина, јапонските сили за самоодбрана, турската морнарица, морнарицата на Филипините, Кралските поморски сили на Малезија, морнарицата на Шри Ланка и морнарицата на Индонезија, се наведува во соопштението на флотата, објави „Спутник“.