За што сè може да ја искористите кората од портокал?

 За што сè може да ја искористите кората од портокал?

Кората од портокал ги неутрализира мирисите, го освежува просторот, а може да послужи и како средство за чистење.

Доколку спаѓате во она група на луѓе кои по консумирањето на портокал ја фрлаат кората, не го правете тоа. Кората од портокал има бројни лековити својства, а може да ја примените и во домаќинството.

Доколку во вашиот фрижидер се појават непријатни мириси, искористете ја кората од портокал. Сè што е потребно е да ја посолите кората и да ја оставите да стои во фрижидер.

Солта ќе го апсорбира непријатниот мирис и влагата и ќе остави свеж мирис на цитрус, велат научниците.

Со помош на кората од портокал може да ги исчистите дрвените површини во својот дом. Ставете ги остатоците од портокалот во тегла и полијте ја со оцет. Оставете ја смесата да отстои две недели и  ќе направите природно средство за чистење. Освен дрвените површини,  ова средство може да го користите и за чистење на бањата.

Кората од портокал може да ја користите и како освежувач за просториите во кои престојувате или за ормарот со облека.  Замотајте ја во крпа и оставете ја на било кое место во ормарот.

Кората од портокал содржи 90 до 95 проценти лимонен, хемикалија која е токсична за мувите, комарците и останатите бубачки. Кората од портокал оставете ја во близина на вратите и прозорците и на едноставен и економичен начин да ги истерате бубачките од вашиот дом. За да спречите каснување од комарец, може да подготвите лосион така што ќе ја исушите кората од портокалот, ќе ја смелете и потоа ќе ја промешате со вода.

>
>