Заборавен свадбен подарок за спас на бракот: Го отвориле по 9 години и доживеале огромно изненадување

 Заборавен свадбен подарок за спас на бракот: Го отвориле по 9 години и доживеале огромно изненадување

Кети и Брендон Ган споделиле приказна на Фејсбук за свадбениот подарок кој го добиле пред 9 години од тетката на Кети, а во кој се наоѓал „клуч за спасување на бракот“.

Инаку, на подарокот пишувало „не отворајте до првата кавга“. Кога двајцата го отвориле подарокот, биле потполно воодушевени од она што го пронашле внатре.

И двајцата признале дека и претходно имале несогласувања и расправии, а на подарокот целосно заборавиле и го отвориле дури кога размислувале што да им подарат на своите пријатели за нивната венчавка.

Во ковертот кој го добиле од тетката, имало пари и две пораки – една за Кети и една за Брендон.

Во писмото за Кети пишувало: „Кети, оди купи пица, ракчиња или нешто што и двајцата го сакате. Тетка Елисон“.

„Брендон, оди купи цвеќе и едно шише вино. Тетка Елисон“, гласела неговата порака.

„Тој подарок стоеше 9 години на полица, собирајќи прашина, а сепак нас некако нè научи на толеранција, разбирање, компромис и трпение. Денеска одлучивме да го отвориме подарокот и се воодушевивме. Сфативме дека клучот за силен и здрав брак никогаш не бил во кутијата – туку во самите нас“, порачала Кети.

>
>