Зад решетки завршија членови на озлогласената мафија: Запленети ресторани и фабрики!

 Зад решетки завршија членови на озлогласената мафија: Запленети ресторани и фабрики!

Италијанската полиција во соработка со германските, романските и шпанските колеги, после повеќемесечна истрага откри и уапси членови на неколку криминални семејства, припадници на озлогласената мафијашка организација „Ндрангета“.

Според соопштението на торинската полиција, истрагата опфатила криминални групи кои се занимавале со криумчарење на дрога „од Јужна Америка до германската покраина Баден-Виртемберг и неколку италијански региони“.

Полициската акција започнала откако еден од уапсените криминалци одлучил да соработува, а тоа на полицијата ѝ овозможило во предградие на Торино да открие цел „бизнис терминал“ на мафијашкиот бизнис.

Притоа, уапсени биле голем број на припадници на „Ндрангета“ во Италија и Германија, а превентивно се запленети цели фабрики, компании, ресторани и пробиени банкарски сметки во висина од милиони евра.

Во акцијата, која според проценките на италијанската полиција, нанела сериозен удар на организираниот криминал, учествувале неколку стотина италијански и германски полицајци, како и специјални агенти.

x