ЗАЕВ: Јас ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината против коронавирусот во земјава

 ЗАЕВ: Јас ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината против коронавирусот во земјава

Јас ќе бидам меѓу првите кои ќе ја примат вакцината против Ковид-19, изјави на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Со тоа, како што нагласи Заев, сака да даде личен придонес во борбата против пандемијата.

Претходно, и Филипче и претседателот Стево Пендаровски најавија дека ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат за да бидат пример пред граѓаните.