• 23/09/2020

Заев: Преземаме мерки да го намалиме загадувањето на воздухот

 Заев: Преземаме мерки да го намалиме загадувањето на воздухот
loading...
Advertisement

На оваа седница во Куманово имаме неколку предлози за донесување одлуки за одобрување на средства од Буџетот за општините Куманово, Центар, Чаир, Струмица и Свети Николе. Ова вчера го напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев по седницата која се одржа во Куманово.

– Планираме да издвоиме 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во градинката „Пчелка“, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со цел да го намалиме аерозагадувањето, напиша Заев на Фејсбук профилот.