Заев: За иднината на Струга одлучувате на 17 октомври со изборот на Димче Шипинкаровски за градоначалник

Заев: За иднината на Струга одлучувате на 17 октомври со изборот на Димче Шипинкаровски за градоначалник

Струга секогаш била пример на соживот, меѓуетничка општина со огромен потенцијал. За нејзината иднина одлучувате на 17 октомври со давање на својот глас за кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ Димче Шипинкаровски. 

Истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во рамките на караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Струга, упатувајќи порака на единство до сите македонци, албанци, торбеши, турци, роми, власи, бошњаци, срби и останати етнички заедници што живеат во Струга.

Според него, во градот на поезијата, во туристичка Струга, може да се направи многу, само смета дека е потребна транспарентност, отчетност, прифаќање на одговорност и обврската дадена од граѓаните на избори, а не, како што рече, владеење на локални моќници.

  • Да се обединиме и да гласаме за најдоброто. Тоа што било добро, и тоа што било подобро, може само да биде најдобро. Тоа што нечинело може да биде најлошо. Одлуката зависи од нашиот народ. Сите да размислиме за нашата Струга, за секоја општина во Македонија. Што е најдобро за вас, вашите деца, семејство, село, град, за вашата татковина. Одлучете како е најдобро, чесно и искрено со сите аргументи и донесете ја правилната одлука на 17 октомври, заокружете број 12, рече Заев.

Струга, нагласи, секогаш била пример за соживот од каде учел во својата политичкакариера.

  • Меѓуетничкиот соживот е наше богатство, голема придобивка, реткост која можеме да ја употребиме или злоупотребиме. Во последните четири години ние тоа го употребуваме. Ние сме доказ дека нема потреба од етнички граници во регионот, Европа и светот. Имаме едно мултифункционално, мултиетничко и мулти религиско општество, кое е големо наше богатство. Струга била пример за тоа и мора да продолжи да води, нагласи Заев.

За кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ, Шипинкаровски, рече дека е неуморен работник со многу проекти идеи и визија за модерна Струга. Со влегување на кандидатот во втор круг во трката за градоначалничкото место, нагласи дека ќе дојде во Струга да ја слави големата победа.

  • Сите знаеме, ако успееме да влеземе во вториот круг работата е завршена. Затоа ве повикувам да го направиме чекорот, затоа што Струга заслужува да биде гордост македонска,европска и светска. Можеме да испишеме убави страници, кои ќе останат за младите, за децата за идните генерации, рече Заев.

Потсети на успесите на власта за членството во НАТО, пријателството и решавањето на истористите прашања со соседите, спроведувањето на пописот, како и позитивните извештаин во реформскиот процес, како и на, според него, аманетот на нашите предци.

Го исполнивме аманетот и на војводите од Крушевската република и на партизаните, а тоа е борбата за своја земја, признаена во целиот свет. Денеска имаме имотен лист, загарантирана територијална целина, интегритет и суверенитет. Денес имаме лична карта во Обединетите нации, каде што е впишан идентитетот на нашата заедница македонци, со македонски јазик. Порано бевме ФИРОМ и фиромци за сите надвор од Македонија. денеска е исполнет аманетот на татковци, дедовци, прадедовци и оваа генерација треба да биде горда на овој голем предизвик,  истакна лидерот на владеачката партија.

На трибината беше промовиран и кандидатот за градоначалник Димче Шипинкаровски, како и советничката листа предводена од Ирина Јолдеска . сс

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds