Загина тракторист во охридско

 Загина тракторист во охридско

Од СВР Охрид со детали околу вчерашниот несреќен случај што се случи во 13.15 часот во атарот на охридското село Ливоишта, при што животот го загуби едно лице.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, станува збор за 49-годишен жител на селото кој додека обработувал нива со трактор, изгубил контрола по што тракторот се превртел.

Смрта била констатирана од страна на лекар при Итната медицинска помош, увид извршила полициска екипа, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извор:OhridNews

>
>