• 26/09/2020

Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

 Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна
loading...
Advertisement

Американскиот инженер Мајк Хјуз (43) кој се прослави како гласен поборник на теоријата дека Земјата е рамна и жестоко се обидуваше да го докаже тоа, загина при неуспешен лет со ракета што ја направил сам.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како ракетата полетува во пустината во Барстоу, Калифорнија и како паѓа набрзо потоа.

Хјуз сакаше со овој лет да докаже дека Земјата е рамна. Вчерашниот потфат наводно бил сниман за потребите на новата ТВ-серија Homemade Astronauts за аматерски изработувачи на ракети на каналот US Science Channel.

Со помош на неговиот партнер Валдо Стејкс, Хјуз се обидуваше да се вивне на височина од 5.000 стапки (1.525 метри) со ракета на парен погон, објави Space.com.

Лудиот Мајк, како што беше познат Хјуз, заедно со неговите помошници направи ракета во неговиот двор за чија изградба потроши околу 18.000 долари. Негова животна цел беше да докаже дека Земјата е рамна.

Во март, 2018 година Хјуз проба да се лансира во орбитата со друга ракета, но не стигна до таму, туку успеа да се дигне на нешто повеќе од 500 метри над Земјата. Тогаш успеа да се спушти безбедно на тлото со падобран.

„Се изморив од луѓето кои ми кажуваа дека не можам да направам ракета. Навистина се изморив од тоа, па затоа собрав сили и ја направив ракетата и полетав со неа“, рече Хјуз по слетувањето пред две години.

„Дали верувам дека Земјата е во форма на фризби? Да, навистина верувам дека е. Дали знам со сигурност? Не. Баш поради тоа сакам да отидам во вселената и да докажам“, рече тогаш Хјуз.