
Загреб во рушевини: Oстанете подалеку едни од други!
Силните земјотреси што утрово го погодија Загреб предизвикаа голема материјална штета, а воедно и паника кај населението, кое во време на пандемија од коронавирусот, беше принудено да излезе на улиците.
По првичниот потрес, следеа серија на земјотреси со помала магнитуда. Припадниците на воената полиција веќе се излезени на терен и ги расчистуваат рушевините.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ ги посоветува граѓаните кои излегле од своите домови да се држат на безбедна дистанца едни од други.
-За вирусот земјотресот нема важност, тој се шири по своја логика. Сите вие што сте надвор, Загреб е епицентар, останете подалеку едни од други. Знам дека сега да се биде заедно претставува солидарност и подржшката за најблиските, пријателите и семејството, но оддалечете се едни од други бидејќи со тоа го загрозувате своето здравје и на своето семејство