Захариевски е назначен за нов тренер на Струга Трим Љум

Захариевски е назначен за нов тренер на Струга Трим Љум

По серијата лоши резултати во пролетниот дел од сезоната, Јетон Беќири ја презеде одговорноста и си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на прволигашот Струга Трим Љум.

Стружани, кои се дебитанти во прволигашкото друштво, одлично ја започнаа сезоната, но по зимската пауза влегоа во голема криза која донесе тренерска смена. Челните лица на клубот не потрошија многу време за да ја најдат замената на Беќири и за нов предводник на тимот го назначија Срѓан Захариевски.

46-годишниот стратег зад себе нема големо искуство како тренер во македонскиот фудбал, но неговото фудбалско знаење стекнато во богатата играчка кариера, сигурно ќе биде од корист за остварување на целите на амбициозниот клуб од Струга.

Захариевски претходно беше на чело на Металург Скопје и битолски Пелистер.

Извор:iportal.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds