• 19/09/2020

Законот за одбрана пред пратениците

 Законот за одбрана пред пратениците
loading...
Advertisement

Законот за одбрана денеска ќе се најде пред пратениците. За негово изгласување потребно е двотретинско мнозинство. Владејачкото мнозинство очекува пратениците од сите политички партии на денешната собраниска седница да покажат дека се за членство во НАТО и да го поддржат законот. Според власта, неодговорно е на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Со законот треба да се уредат обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО, односно преоѓањето од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана. Се уредува и процедурата за учество во мисии и операции на НАТО.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, веќе доби зелено светло од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, но без членовите од ВМРО-ДПМНЕ. Осум членови беа „за“, немаше против и воздржани. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата на почетокот на седницата.

Извор: Радио Слободна Европа