Заложничка драма во Германија, нападнат автобус на „Ласта“

 Заложничка драма во Германија, нападнат автобус на „Ласта“

РегионСвет

Заложничка драма во Германија, нападнат автобус на „Ласта“

21/09/2021 22:04

Заложничката драма се одвива во автобус во Германија, на автопатот А9 помеѓу Хиполштајн и Грединг. Нападнат е автобус од Србија.

Силни полициски сили го опколиле автобусот на автопатот.

На меѓународната автобуска линија на српскиот превозник „Ласта“ Дортмунд-Белград, српски државјанин кој влегол во Франкфурт нападнал двајца патници, бил совладан и во моментов се чека да пристигне полицијата за да го уапси, објави Танјуг.

Германските медиуми тврдат дека напаѓачот бил само привремено совладан, и дека за тоа време патниците го напуштиле автобусот, додека полициската тим за преговори е на терен и се обидува да стапи во контакт со напаѓачот, а сообраќајот е запрен.

Сите патници се евакуирани, според германската агенција ДПА, а возачите со напаѓачот биле во автобусот.

Автобусот се движел кон Минхен.

Германскиот „Билд“ објави дека се работи за автобус од странство, и дека во него имало три лица и напаѓач.

Се слушнале три детонации, а полицискиот хеликоптер го надлетува местото на инцидентот.

>
>