Замрзнале канали во Холандија, граѓаните масовно лизгале и покрај предупредувањата

 Замрзнале канали во Холандија, граѓаните масовно лизгале и покрај предупредувањата

Холанѓаните обожуваат лизгање на мраз и во неделата конечно можеле да уживаат во тоа бидејќи канали замрзнале по три години. Но, некои биле и претерано воодушевени што резултирало со падови, скршени зглобови и други повреди.

Премиерот Марк Руте предупредил дека би требало да се избегнува масовно лизгање поради ризик од ширење на коронавирус, но и бројни повреди кои би можеле да ги оптоварат итните служби.

Но, граѓаните не го послушале. Во Амстердам голем број на луѓе лизгале на Принсенграхт, еден од четирите главни градски канали, иако мразот не бил доволно дебел на сите места.

Едно лице пропаднало во мразот

Најмалку едно лице пропаднало во мразот, но успеало да се извлече без туѓа помош, објавиле холандските медиуми.

Се лизгало и во Киндердијк, на западот на земјата, на заледениот речен канал околу тамошните ветерници, културни наследства на УНЕСКО. Итните трауматолошки служби имале двојно повеќе работа отколку ден претходно.

“Требаше да се зграби можноста бидејќи друга можеби нема да има повеќе години”, рекол 71-годишниот Цок Харткорн.

И во право е, бидејќи метеоролозите најавиле затоплување веќе во понеделник.

Лизгањето на мраз во Холандија е традиција и секој има подготвено пар лизгалки во случај каналите да замрзнат.

>
>