Занети ги испочитува Македонците, доби и дрес од Струга Трим Љум

Занети ги испочитува Македонците, доби и дрес од Струга Трим Љум

Навивачи на Интер од Македонија беа присутни на натпреварот меѓу Лудогорец и Интер во рамки на Лигата на Европа, а имаа и средба со легендарниот капитен на „нераѕурите“, Хавиер Занети.

Аргентинецот беше присутен во Бугарија, а ги испочитува сите навивачи кои сакаа фотка за спомен со него, вклучувајќи ги и оние од Македонија. Десетици членови на „Интер Клуб – Армата“, официјалното здружение на клубот од нашата земја, отпатуваа за Разград и имаа средба со фудбалскиот великан.

Дел од нив се сликаа со Занети со македонското знаме, а еден од нив му подари и дрес од македонскиот прволигаш Струга Трим Љум. Исто така, функционерот на Интер доби и дуксер од официјалното здружение.

Интер ги израдува приврзаниците, победи кај Лудогорец (0-2) и со едната нога е во наредната нокаут-фаза на Лига Европа.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds