Запалени автомобили Филмски обид за грабеж на блиндирано возило во Италија

 Запалени автомобили Филмски обид за грабеж на блиндирано возило во Италија

Разбојници синоќа во Модена (Италија) без успех се обидоа да ограбат блиндираното возило кое превезувало скапоцените предмети.

Разбојниците, како на филм, најпрво го блокирале автопатот на јужниот излез од Модена, истуриле клинци на патот за да го блокираат сообраќајот и ги запреле двете блиндирани возила.

И покрај ваквите подготовки, нападот и грабежот не успеале и за среќа, како што соопшти полицијата, нема жртви или повредени, иако очевидци велат дека слушнале експлозии и пукотници.

Чадот и пламенот на запалените возила беа видливи од далеку. Во акцијата на полициските сили учествуваше медицински хеликоптер.

>
>