Запленета марихуана во Радожда

 Запленета марихуана во Радожда

– Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад на синоќа околу 21:00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана.

Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик. (Крај)

извор: МВР

>
>