Запленета марихуана во струшко

 Запленета марихуана во струшко

Запленета марихуана во струшко, приведен дилер од Албанија

Вчера околу 11:30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу селата Вишни и Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на А.С. (41) од село Лакавица-Гостивар, управувано од Ф.Ц. (20) од Република Албанија, а во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Албанија.

При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц.

Лицата се приведени во полициска станица, а Ф.Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство. (Крај)

извор: МВР

x