• 24/09/2020

Запленети 27 кг марихуна кај Ѓавато, уапсени двајца Албанци

 Запленети 27 кг марихуна кај Ѓавато, уапсени двајца Албанци
loading...
Advertisement

На 08.12.2019 полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, по претходно добиени оперативни сознанија, кај с.Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, запреле патничко возило „опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Р.Албанија, а како сопатник бил Т.М(36) од Р.Албанија.При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција.Лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде  поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215  од Кривичниот законик на Р.С. Македонија.