Започна имунизацијата во Струга, граѓаните ги почитуваат термините, се’ тече во најдобар ред

 Започна имунизацијата во Струга, граѓаните ги почитуваат термините, се’ тече во најдобар ред

Денеска во Струга започна имунизацијата против ковид 19 за лица постари од 77 години.

Од Здравствен дом-Струга информираат дека вакцинацијата тече во најдобар ред, граѓаните ги почитуваат термините и од утрово до овој момент не се случило пријавен граѓанин за вакцинација да не се појави во закажаниот термин.

За вакцинирање се ангажирани два тима кои ќе работат само прва смена.

Струга доби 400 вакцини и по 40 термини дневно.

Стружани покажуваат интерес за вакцинација, пополнети термини има и за наредната недела.

извор:Strugaonline

x