Започна изградбата на патека за пешаци и велосипеди во Струга

Започна изградбата на патека за пешаци и велосипеди во Струга

По потпишувањето на договорот за проектот „Изградба на патека за пешаци и велосипеди на улицата Партизанска“, денеска реализацијата започна и во пракса.

„Станува збор за проект кој што вреди околу 800 илјади евра, финансиран од Светска банка и Општина Струга. Ова шеталиште освен што ќе служи за слободно и безбедно движење на пешаците и велосипедистите, ќе разубави и дел од главниот пат на Струга, правејќи го градот попривлечен за локалното население и туристите.“ – соопштуваат од Општина Струга.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds