Започна реконструкцијата на базенот во Струга

 Започна реконструкцијата на базенот во Струга

Стружани ќе добијат нов, современ, идеално димензиониран енергетски ефикасен базен кој ќе им служи на пливачите, спортистите и рекреативците од градот и пошироко. Официјално започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот базен кој повеќе од една година беше руина и лоша слика за Струга.

Базенот ќе значи поттикнување и развој на пливањето како спорт, зголемување на квалитетот на образованието и стекнување на здрави навики од најрана возраст како и рекрација на сите граѓани на Општина Струга. Поради неводење грижа подолг временски период, речиси една денеција, комплексот е нефункционален, Во изминативе години, бевме сведоци на ненаменско трошење на средствата, а за тоа доволно зборува ситуацијата со која се соочивме на терен-спортски објекти кои пропаѓаат, игнорирање на потребите на спортските работници и целосна стагнација на спортот. – рече првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски при посетата во Струга.

Каевски најави реконкструкција на ваквите руинирани објекти и изградба на нови спортски објекти низ целата држава. Освен во Струга, започната е изградба на шест нови базени во шест општини.

Извор:Strugaonline